| четврток, 6 декември 2018 |

Одбраната во „ТНТ” бара од судот вештачење на смс пораките

Адвокатите кои ги бранат обвинетите во случајот „ТНТ” бараат од судскиот совет вештачење на смс пораките пред да бидат изведени во доказна постапка. Според бранителите само со примена на интерпукциски знаци може да се промени содржината во пораките. Адвокатката Тања Поповски посочи дека не постојат идентификација на броевите, а ниту пак на лицата кои комуницирале помеѓу себе. Обвинетиот Никола Груевски на многу едноставен начин му објасни на судскиот совет за што станува збор всушност.

– Замислите судија дека Вашата записничарка прво мене ми го предаде записникот од денешното рочиште, па потоа на Вас. Можам ли јас во меѓувреме да променам нешто во записникот? Да немате Вие увид во записникот, туку само вашата записничарка. Станува збор за копија, бидејќи оригиналните аудио фајлови ги имал СДСМ, па ги предал на СЈО. Не мора да сте вешто лице да направите измени на фајловите, тоа може да го стори и обично лице што работи на компјутер – рече Груевски.

Обвинетиот Миле Јанакиевски бараше од судскиот совет да го разбере проблемот. Се работи за обичен ексел фајл кој после којзнае колку време е предаден од неговиот политички опонент СДСМ на СЈО, при тоа никој не знае каде е оригиналот. Значи за тоа време додека фајлот бил кај СДСМ можно е да му е сменета содржината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top