| четврток, 6 декември 2018 |

Од полноќ се намалуваат цените на горивата!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 денар, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Со новата одлука малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство
(ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,749 ден/кг во однос на цената
утврдена со Одлуката од 28.05.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 33,785 ден/кг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top