Емина Јаховиќ и официјално се разведе од Мустафа Сандал. Сега таа открива дека нема да и биде лесно кога нејзиниот поранешен сопруг ќе најде нова девојка, па пејачката се плаши од еветуалната средба со новата девојка.
-Секако дека нема да ми биде сеедно кога Мустафа ќе најде некоја друга, како што ни нему нема да му биде лесно да ме види со друг. Но тоа е нормална работа и знаевме дека тоа ќе се случи кога се разведуваваме-рекла Емина.
Таа додала дека на нивните синови Јаман и Јавуз тешко им паднала разделбата на родителите, но дека веќе ја прифатиле новонастанатата ситуација.
-Жената мора да биде силна поради децата и поради себе си. Немам алтернатива да бидам слаба.Оптимист сум и очекувам нов живот после се-заклучила Емина.
Како што пишуваа турските медиуми, Емина после разводот ја доби куќата вредна 16 милиони евра, а Мустафа и го отстапил и студиото вредно 4 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Емина и Мустафа заедно: Ја здогледал во толпата и ја прегрнал, а нејзината реакција ги изненади сите!
-
Не би сакал да имаме проблеми: Мустафа го одвлекол момчето на Емина на страна и му одржал лекција!
-
Нивната љубов добива ново ниво: Се појавија нови фотографии на Емина и турскиот милијардер
-
Први папарацо фотографии: Емина Јаховиќ фатена со турскиот милијардер!(видео)