| четврток, 6 декември 2018 |

Францускиот архитект Марк Барани, кој имаше предавање во Скопје, доби престижна француска награда

Врвниот француски архитект Марк Барани ја доби престижната награда за архитектура за 2013 година. Барани, на покана на Францускиот институт во Скопје, на 21 јуни годинава одржа предавање во Музејот на град Скопје, каде што ги претстави своите проекти. Според него „архитектурата се наоѓа меѓу антропологијата и уметноста и овозможува да се открие светот, да се биде дел од него и да се дојде до спознанието за себе“.

Mark Barani1

Барани е реномиран архитект од Ница, кој во трката со уште четворица признати француски архитекти, ја доби наградата за животно дело, која му ја врачи Орели Филипети, министерка за култура на Франција.

Mark Barani4

– Барани има способност да ги наслушне природните сили, оние на пејзажите и на околината, и истите да ги присоедини кон социјалните услови и потреби – рече Филипети.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top