Оригинално, досетливо, феноменално – на одличен начин колегите од „Вест“ го прославија својот 13. роденден. Tринаесет години останаа доследни на себе, поинакви, интересни за читателите.
Колеги,
Останете она што сте, оригинални, поинакви, забавни… Нека оваа, за многумина баксузна 13-ка, вам ви донесе успешна година во работењето на Вест. Мислете и пишувајте слободно! Онака како што досега работевте! Среќен роденден, Вест!
Честитките секако одат на име на целата редакција, на оние кои работеле и на оние кои работат во овој дневен весник, а особено на Горан Михајловски, кој тринаесет години успешно го управува кормилото.
Сепак, најголемите честитки одат на име на нашите колешки, кои се најдоа на насловната страница на специјалниот роденденски додаток. Културно, достоинствено, емотивно. Ѝ оддадоа почит на една од основачките на „Вест“, Вера Аџигогова, која почина еден месец по петтиот роденден на весникот. Таа тогаш ја загуби тригодишната битка со ракот на дојка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.