Во списаниеto за поезија N.ARDIS кое излегува во Москва, Русија, во број 1 / 2018 година, во препев на руски од Олга Панкина објавен е пообемен циклус песни од Славе Ѓорѓо Димоски.
Олга Панкина, поетеса и директор на Македонскиот културен центар во Москва е голем афирматор на македонската литература во руската јазична средиона преведувајќи голем број македонски автори, меѓу кои „Големата вода“, од Ж. Чинго, „Пиреј“ од П.М. Андреевски, „Папокот на сетот “ од В. Андоноски. „Невестата на змејот“ од В/ Урошевиќ многу други автори.
Осумнаесет оделни поеткси книги на Ѓорѓо се објавени на други јазици, а одделни песни и поетски циклуси преведени се на над триесет јазици. За неговата поезија напишана е едена есеистичка книга, а во Италија одбранет е магистерски труд.
За својата поезија повеќекратно е наградуван во земјава и странство, а меѓу наградите се „Браќа Миладиновци“ на СВП, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“, „Гран-при на европската поезија, и двапати на охридскато највисоко признание “Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.