Министерството за здравство има предвидено и почна да спроведува мерки за превенција на малигни заболувања на годишно ниво, со поддршка на Центарот за истражување во рамки на ЕК. На крајот на летото се очекува експертска мисија, а веќе се почнати и подготовките за воведување регистар за малигни заболувања, за населението и во болнички услови.
Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинрско прашање, по отворањето на стручниот симпозиум на тема „Вродени аномалии – предизвици, дилеми и третман“ во организација на Македонското лекарско друштво. Тој изрази надеж дека на есен ќе имаат доволно податоци за да преземат конкретни чекори.
На новинарско прашање за реакциите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и од негови поранешни соработници за централизирање на лабораториите, Филипче рече дека тендерската документација е целосно усогласена со Законот за јавни набавки, што е потврдено од неколку комисии, од стручната комисија во рамки на Министерството за здравство и од Комисијата за јавни набавки.
– Очекуваме сериозно подобрување на лабораториската услуга во нашата држава. Да им се олесни пристапот на пациентите до некои анализи за кои досега мораа да патуваат надвор од нивното место на живеење и серозни заштеди врз основа на добро планирање и добар увид во количината на реагенсите кои се трошат во сите лаборатории – рече Филипче.
Министерот за здравство изјави дека има терапија за сите пациенти во сите јавни здравствени установи.
– Можеби имало некоја намалена количина, но тоа е надополнето полседниве денови – рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче: Маските не го решаваат проблемот со аерозагадувањето
-
Филипче најави нов тендер за реагенси од 35 милиони евра
-
Филип Димишковски е првиот пациент во Македонија кому му е извршена трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија