Продолжува нечовечкиот и нехуман однос кон обвинетите од 27 април. Обвинетиот Александар Јаневски-Тошта со возило на брза помош се врати во затворот во Шутка, јави ТВ24. Откако му се слоши на рочиштето, тој беше однесен во болницата „8-ми Септември“ каде што заврши на реанимација, откако неколкупати ја губел свеста.
Тој заедно со уште седуммина е обвинет за убиство во обид на пратеникот Зијадин Села и за него нема преквалификација на делото. Откако слушна дека останува обвинет за убиство во обид, на судот му порача дека му местат убиство.
Неодамна и Гордана Јанкуловска беше испратена на гинеколошки преглед со цел да се провери дали навистина станува збор за ризична бременост.
Лошата здравствена состојба на Едмонд Темелко може да заврши со фатални последици за неговото здравје, но од страна на судот не му е дозволено да користи здравствена заштита, што е спротивно на сите универзални права. Иако до македонските судови беа доставени и соодветни лекарски докази, тие одбиваат да му овозможат користење на потребната здравствена нега.
Нечовечки однос на власта: Продолжен притворот на Едмонд Темелко за уште 30 дена
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.