| четврток, 6 декември 2018 |

„Исцелител“ на отворено во Градски парк

Вечерва со почеток во 22 часот во Градски летен парк ќе се прикаже македонскиот филм „Исцелител“.
Град Скопје, Кино Милениум и МКЦ се организатори на бесплатна проекција на хитот за 2018 – ИСЦЕЛИТЕЛ на Ѓорче Ставрески, а Градскиот парк е супер локација за филмско уживање под ведро небо!
-Градска приказна во Градски летен парк! Повелете кус „водич“ за утрешната кино романса во Градски Летен Парк: – Проекцијата на македонскиот мегахит „Исцелител“ ќе се оддржи во Градскиот парк, поточно, на ледината кај 8 чешмички (потегот помеѓу споменикот на Гоце Делчев и јужната трибина на Градски стадион). Проекцијата ќе започне точно во 22.00 часот. Ние како организатори ќе обезбедиме ограничен број на lotus chairs, но, поради покажаниот ОГРОМЕН интерес, ве охрабруваме да си понесете камперско столче, ќебенце, фотеља, кауч, француски лежај… или едноставно – да седнете на трева. Семки, сончоглед, пуканки и освежителен пијалок обезбедете си сами по желба. ИНСИСТИРАМЕ да внимавате на хигиената во Градски парк. Од вас, ценети фини, воспитани и културни луѓе. очекуваме да ги соберете вашите отпадоци пред да заминете дома. Бидете спремни за третман од Исцелител. Се гледаме во Градски Летен Парк!, велат од МКЦ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top