Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека доцна попладне ќе дојде до стабилизација. Утринските температури ќе се движат од 12 до 19, а максималните дневни од 25 до 32 степени Целзиусови.
Во Скопје, слично време, променливо облачно, а од пладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се искачи до 30 степени.
Во четврток, како и во петок преку денот ќе има ретка појава на нестабилност, претежно во планинските предели. Во петок кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.