-Боже … Ова е уште еден страшен ден за мене. Дали е можно? – ја почнува својата приказна легендарната балкански фолк ѕвезда Шабан Шаулиќ.
-Ми беше исклучително драг… Ние сме дури и роднини. Шокиран сум … Извонреден уметник, извонреден пејач кој им се допаѓаше и на луѓето и колегите … Не знам некого кој не го сакаше – раскажува потресен од веста за смртта за Синан Сакиќ, фолк легендата Шабан Шаулиќ!
-Напишав песна што требаше да биде за него и за мене … Се работи за браќа, песна за двајца браќа. Ако е потребно, брат, јас секогаш ќе ти помогнам … Планиравме да го снимиме тој дует, но ете… за жал, тој замина – вели Шаулиќ и продолжува.
-Бевме заедно, не држете ме за збор, пред месец, месец и половина во Шведска. Имавме заеднички концерт и тој изгледаше дека функционира нормално. Зборувавме, му реков за дуетската песна, а тој навистина беше воодушевен, беше многу зсреќен. И одеднаш, слушнав дека е одново во болница иако изгледаше дека е опоравен и сè е во ред – раскажува Шабан од кој јавноста дознава дека тој и Синан требало да снимаат дуетска песна. Сепак, тој сон ќе остане засекогаш неостварен!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прекршен обичај на погребот на Синан Сакиќ, а причината е многу силна!
-
И тој ќе биде на погребот: Најстариот син на Синан Сакиќ пуштен е од затвор!
-
Како што обичаите на исламот налагаат: Вака семејството и пријателите ќе се простат од легендата на фолкот, Синан Сакиќ
-
Ја обвинуваат дека е виновна за смртта на Синан – таа пак само сака да го испрати достоинствено!