| четврток, 6 декември 2018 |

Вкупно две години затвор за мартовските хулигани кои го поддржуваа Талат Џафери

protesti-policija (1)

Осуммина од обвинетите за насилните протести што се случија во март за поддршка на тогаш избраниот министер за одбрана Талат Џафери добија затворски казни, шестмина добија условни осуди, а тројца се ослободени од обвинението, јави репортерот на „Макфакс“.
Петмина од обвинетите добија осум месеци затвор, еден кој е во бегство доби една година затвор, а за палење на автобусот на ЈСП еден е осуден на пет месеци и еден на три месеци затвор.

Од шестемина што добија условни казни петмина се осудени на условна казна од шест месеци затвор ако во рок од една година направат кривично дело, а еден доби условна казна затвор од десет месеци ако во рок од две години стори кривично дело.

Судот сите обвинети ги прогласи за виновни за учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

За време на мартовските протести кои се организираа еден ден по протестите на Македонците против изборот на Џафери за министер за одбрана беше запален автобус на ЈСП, беа искршени автобуски постојки и приватни автомобили.

За насилствата беа обвинети вкупно 17 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top