Официјален Вашингтон уште еднаш упати поддршка на процесот на преговори во спорот за името по информациите дека Македонија и Грција се пред конечен договор.
– Се надеваме дека лидерите на Македонија и Грција ќе најдат заедничко прифатливо решение за проблемот со името, што ќе биде во интерес на евроатлантската интеграција, економскиот просперитет, мирот и стабилноста во регионот – пишува во соопштението на Стејт Департмент што го пренесе „Гласот на Америка“ на македонски јазик.
Грчка „Та Неа“ денеска пишува дека успешен разговор на премиерите Ципрас и Заев води кон средба на 9-ти јуни во Преспа на која и официјално ќе се потпише договорот со кој ќе се стави крај на повеќедеценискиот спор. Со тоа ќе почне процедурата на ратификација во двата парламента и референдумско изјаснување на македонските граѓани. Весникот пишува дека и покрај противењето на Претседателот Иванов, владеачката коалиција би можела да обезбеди успешно ратификување на договорот, пренесува „Сител“.
Заменик шефот на грчката дипломатија Аманатидис, за телевизија „Скај“ вели дека се што е договорено се разработува од техничко-правните тимови, а за самото име вели дека преовладува едно од четирите предлози на Нимиц. Тој верува дека сеопфатен договор ќе биде поддржан и од мнозинството граѓани во Грција и од пратениците.
– Договорот треба да биде заемно прифатен, тоа е значењето на договорот, дека е прифатен од двете страни. Сметам дека договорот што ќе дојде, ќе ги има карактеристиките што ги постави нашата земја. Сложено име, ерга омнес, уставна ревизија – рече Аманатидис.
На иста линија е и спикерот Никос Вуцис. Според него само со целосно вметнување на условите од грчките црвени линии, идниот договор ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент.
– Јас сум оптимист дека и покрај силниот отпор во БЈРМ, доколку се постигне договор тој ќе овозможи да се оди напред. Ако телефонскиот разговор на двајцата премиери биде успешен, тогаш ќе добие зелено светло за брз развој на настаните, кои ќе доведат до решение кое е прифатливо и е во интерес на нашата земја – рече Вуцис.
Вуцис смета дека меѓудржавениот договор со Македонија ќе биде изгласан не само со апсолутно мнозинство, туку со зголемено од најмалку 180 пратеници, иако тоа не е уставна обврска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос