Ќерката на Синан Сакиќ, Ѓулкица Сакиќ Амзиќ се огласи по татковата смрт.
-Се што вредеше, исчезна…Ангелу мој единствен…-напиша Ѓулкица на социјалните мрежи.
-Никогаш никого и никогаш нема да сакам како што те сакам тебе!Ти благодарам што сум твоја ќерка, ти благодарам што си мој татко!Јас од тебе не се простувам, јас со тебе само почнувам нов вид комуникација кој не ни е непознат. Имав, имам и ќе имам најдобар татко на светот!Ти благодарам за несебичната љубов, ти благодарам за секој сурово реален разговор кој ти знаеше да го кажеш на најнежен начин. Ти благодарам што секогаш имаше време за нас. Ти благодарам што имаше разбирање за секој мој момент на незрелост. Ви благодарам што не изведовте на прав пат.
Благодарам што имавме најубав детски живот. Благодарам што ме научивте да сакам.
Овие „благодарам“ ги имам татко во душата уште милион!Само сакам да ти ветам дека ќе бидеме добро, најдобро!Ќе бидеш горд на нас!А јас ти ветувам дека ќе успееме. Дека ќе бидам добро, дека никогаш нема да скршнам од патот и дека секогаш ќе те носам во себе. Бидејќи секој дел од мене…е твој!Тоа си ти!Те сака твојата мала-напишала Ѓулкица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Напишав песна, планиравме да снимиме дует, а сега го нема – Шабан Шаулиќ не може да го преболи Синан
-
Прекршен обичај на погребот на Синан Сакиќ, а причината е многу силна!
-
И тој ќе биде на погребот: Најстариот син на Синан Сакиќ пуштен е од затвор!
-
Како што обичаите на исламот налагаат: Вака семејството и пријателите ќе се простат од легендата на фолкот, Синан Сакиќ