| четврток, 6 декември 2018 |

До 2030 година во светот ќе има најмалку 125 милиони електромобили

Бројот на електрични превозни средства на светско ниво пораснал на рекордни 3,1 милион возила во 2017 година, но потребни се уште истражувања за тој број да се зголемува, изјави денеска Меѓународната агенција за енергетика.

Кина придонела со 40 отсто од вкупнио светски раст лани во однос на предминатата година.

– Последниве години се забележува динамично пазарно навлегување на електрични возила. Идните ангажмани за растечко навлегување на електричните автомобили од страна на политичарите и автомобилската индустрија ќе значи дека оваа тенденција нема да опадне до крајот на следното десетлетие, стои во извештајот.

Така, проценките на МАЕ посочуваат дека до 2030 година во светот ќе има 125 до 220 милиони електрични превозни средства, доколку амбициите на оваа индустрија во меѓувреме пораснат.

Замената на обични со електрични автомобили, ќе ја зголеми побарувачката на кобалт, литиум и други материјали, кои се користат за литиумско-јонските батерии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top