| четврток, 6 декември 2018 |

Електромобилите и електротротинетите хит-возила за разгледување на Скопје

Електромобилите и електротротинетите станаа хит-возила за разгледување на Скопје.Новите електромобили имаат ретро изглед и истите имаат по 4 места за седење, каде со едно полнење истите можат да поминат од 50 до 70 километри.

Со возилото управуваат обучени лица кои имаат обврска да ги повозат заинтересираните низ центарот на градот, по кеј, кон паркот „Жена-борец“, односно да поминат покрај зданијата од „Скопје 2014“ во тој реон. Новите електромобили имаат ретро-изглед и капацитет за четири лица. Со едно полнење тие можат да поминат од 50 до 70 километри. Билетот чини 50 денари, а за возврат се добива дваесетминутна тура.

Покрај електромобилите, вкупно 7 на услуга, се изнајмуваат и пет електротротинети. За нив се плаќа 100 денари за час и единствен услов за изнајмување е лицето да не е помладо од 22 години. Од „Градски паркинг“ објаснуваат дека тој што ќе го изнајми тротинетот не смее да се вози со него подалеку од строгиот центар. Исто такаж на сите заинтересирани за туристичко разгледување на градот на располагање им стојат и дополнителни 10 електровелосипеди кои се на услуга од лани.

Возилата можат да се изнајмуваат на пунктот на „Градски паркинг“ на плоштадот „Македонија“. Од идната недела, наместо до 19 часот, возилата ќе се изнајмуваат до 17 часот.

Од ЈП „Градски паркинг“ велат дека не очекувале толкав интерес за новите ретро возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top