| четврток, 6 декември 2018 |

„Ајнштановите соништа“ вторпат на сцената на МНТ

Во Македонскиот народен театар вечерва со почеток во 20 часот вторпат гостува претставата „Ајнштајновите соништа“ од Ален Лајтман, во режија на Слободан Унковски, а во изведба на Југословенското драмско позориште од Србија.

Дрaмaтизaциjaта е на Русoмир Бoгдaнoвски, а драмaтург е Jeлeнa Mиjoвиќ. Сцeнoгрaфиjа ја изработи колективот кој дејствува во полето на концептуалната уметност и индустрискиот дизајн „Numen/for use“, костимите се дело на Лaнa Цвиjaнoвиќ, а музиката на Злaткo Oриѓaнски…

Улогите во претставата ги толкуваат Драган Миќановиќ, Радован Вујовиќ, Анита Манчиќ, Бранко Цвејиќ, Наташа Тапушковиќ, Бранка Петриќ, Марија Вицковиќ, Милена Живановиќ и други.

– Тоа не е драма. Нема приказна која е едноставна. Но има други работи кои ги шират видиците во мозокот и ги шират видиците на имагинацијата кај публиката и актерите, кај сите; кои се позахтевни од вообичаеното – нагласува режисерот Унковски во најавата за претставата „Ајнштановите соништа“.

Прeмиeрaта на оваа популарна претстава се реализираше во октомври минатата година на сцeната „Љубa Taдиќ“ на Jугoслoвeнскo дрaмскo пoзoриште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top