| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски во Охрид: Имаме урнисана економија, безпарица кај народот, урнисано здравство, земјоделие, образование

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со граѓани и состанок со Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. На средбата Мицкоски говореше за актуелната политичка состојба како и за делувањето на партијата во периодот што престои.

-Имаме урнисана економија, безпарица кај народот, урнисано здравство, земјоделие, образование. Еден голем хаос кој е предизвикан од непособната Влада и нивната неработа и непосветеност. Немаат остварено ниту едно големо ветување кое ќе го направи ќе ги направи животот на граѓаните  подобар. Оваа Влада е најлошата досега, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека државата забележува зголемување на долгот, а никаде ги нема парите за кои се задолжува.

-Нема проекти, нема ништо со што можете да кажете дека подобро се живее. Парите народот не ги гледа. А знаете зошто не ги гледа? Затоа што водат клептоманска политика, затоа што камионите на картелот треба да вртат, луѓето блиски до власта ги добиваат сите тендери и затоа го укинаа советот за јавни набавки, за да може во 4 очи да склучуваат договори. Кога ќе ви речат дека живот ќе донеселе, знајте дека од тоа ништо нема, ќе донесат само бизниси и црни пари за картелот на власт, посочи Мицкоски.

Тој се осврна и на раселувањето на младите и дека државата мора да најде начин да ги сочува во државата, со тоа што ќе понуди решенија за нивните проблеми.

-Македонија не може да си дозволи уште една генерација да биде загубена. Секогаш кога ќе ги погледнам моите студенти гледам луѓе кои едвај чекаат да го завршат и оформат своето образование и да се одвојат од својата земја , затоа што велат овие од власта ветуваа многу,  и од овој безизлез, излезот е што подалеку. Им одговам немојте, почекајте, работите ќе се сменат. Нивното задржување и создавање подобра иднина ќе биде главниот наш предизвик. Ќе понудиме решенија за да вистински се чувствуваат дома со извесна иднина. Сонот на мојата генерација не успеа да се досонува, но сега ние третата генерација политичари ќе создадеме подобро општество за младите. Плановите за тоа што ќе правиме ќе бидат содржани во новата програма што е биде нашиот завет за Македонија, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top