Харви Вајнштајн утринава бил во полиција во Њјуорк, за да се соочи со обвиненијата и пријавите кои го етикетираа како сексуален криминалец. Продуцентот бил посрамотен пред целата јавност, а со себе носел три книги меѓу кои и “Something Wonderful: Rodgers and Hammerstein’s Broadway Revolution,” кога минал крај телевизиските камери и новинари упатен кон вратата полицијата.
Харви бил уапсен и обвинет за силување, за сексулана злоупотреба и сексуално малтертирање, соопштила полицијата. Полицијата од Њјуорк воедно им се заблагодарува на сите храбри жени кои се осмелиле да се спротистават и да си ја бараат правда.
Апсењата и последователните обвиненија се резултат на заедничката истрага помеѓу полицијата во Њјуорк и Окружниот обвинител на Менхетен. Вајнштајн (66) е пријавен од многу жени за сексуално малтретирање и неговиот случај сѐ уште е под истрага.
Првично, обвинението за кривично сексуално однесување произлегува од пријавата која што ја поднела Луција Еванс. Таа вели дека Вајнштајн ја присилил на сексуален однос, а била повикана на кастинг. Последиците за Вајнштајн биле фатални, брзи и тешки.
Веднаш по обвинувањата во октомври минатата година, тој бил протеран од неговата продукциска компанија и од Академијата за филмска уметност и наука. Исто така неговиот приватен живот тргнал во надолна линија. Неговата сопруга решила да го напушти, а нивниот развод наскоро ќе бил формализиран. Вајнштајн доброволно се вратил во Њујорк за да се предаде, наместо да чека полицијата да го уапси според нивните прописи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.