| четврток, 6 декември 2018 |

Алаѓозовски се пофали: Папата рече дека ќе се моли за иднината на Македонија!

Министерот за култура во оставка, Роберт Алаѓозовски кој беше дел од делегацијата која со премиерот Зоран Заев отиде кај папата, на својот Фејсбук профил со фотографиите со папата напиша: „Папата рече дека ќе се моли за Македонија и за иднината на целиот регион“.

Кај папата, освен премиерот и Алаѓозовски, отидоа сопругата на Заев, Зорица како и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top