Двајца млади прилепчани цела година ги фалсификувале сите документи што се потребни за добивање американска виза.
Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава за Д.М.(31) и Ј.Ј.(28), двајцата од Прилеп, поради основи на сомнение дека во текот на 2013 година сториле кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавените изработиле повеќе лажни документи (потврди од банки, потврди за стален работен однос, образец М1 и М2 ) кои им ги продавале на разни лица од Прилеп, а истите лица ги користеле за аплицирање за виза во Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.