Свети Кирил и Методиј се браќа родени во Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија.
Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените.
Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за созаштитници на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов на Деновите на Св.Кирил во Рим
-
Честитка од Иванов по повод 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј
-
Концерт во црквата „Св.Софија“ по повод чествувањето на Св.Кирил и Методиј
-
Димитриев: Историското наследство и делото на Кирил и Методиј е едно од најзначајните богатства на Македонија и македонскиот народ