Ќе биде ли безбедна од земјотрес зградата на главната пошта во Скопје по големиот пожар што ја зафати минатата недела, истражува комисијата што треба да ги утврди последиците од пожарот, формирана од „Македонска пошта“.
Како што дознава „Република“, во моменов комисијата е во комуникација со Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија од Скопје, чиишто стручњаци треба да утврдат дали од високата температура била нарушена статиката на зградата. Силината на пламенот била толку голема што испукале мермерните плочки и облоги во салата со шалтери, но искусни инженери, кои имале можност да ја видат состојбата, оценуваат дека нема опасност во случај на земјотрес.
Сè уште не е позната судбината на осумте ѕидни слики на истакнатиот македонски уметник Борко Лазески, насликани на ѕидовите во шалтер-салата. Повеќе за ова читајте во денешниот број на неделникот „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.