| четврток, 6 декември 2018 |

ЈСП со изменет возен ред: За Духови ќe има повеќе автобуси кон Бутел

Автобусите од јавниот превоз утре и задутре ќе возат со изменет возен ред поради двата празника, 24 мај-Денот на „Св. Кирил и Методиј“ и 25 мај-Духовден.

Во четврток на 24 мај, автобусите ќе сообраќат по неделен возен ред, а во петок на 25 мај, ќе важи саботен возен ред.

– За Духовден во петок, сабота и недела, ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче, Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани дополнителен број на автобуси во периодот од 5 до 14 часот, информира ЈСП.

Подетални информации може да добиете на веб страницата www.jsp.com.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top