| четврток, 6 декември 2018 |

Кое средно училиште во Македонија има најдобар успех?

Само едно средно училиште во Скопје има просек со средна оценка над 4, а многу имаат едвај тројка.
Од стотина средни училишта со просек помал од три се околу 40 школи. За разлика од средношколците, списокот со основните училишта на Град Скопје покажува дека просеците на училиштата се повисоки, објави „Факултети.мк“.

Најдобри оценки на ниво на Македонија имаат учениците од скопската гимназија „Орце Николов“. Лани, на крајот од учебната година, средната оценка била 4,18. Учениците од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ лани постигнале средна оценка 3,98, а потоа следуваат битолската гимназија „Јосип Броз-Тито“ со 39,4, па охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ со 3,92 и кумановската гимназија „Гоце Делчев“ со 3,90.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top