Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 22.347 денари, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци просечната плата бележи раст од 2,4 проценти што се должи на повисоките просечни исплатени нето плати во секторите Транспорт и складирање за 11,9 отсто, Информации и комуникации за 6 проценти и Рударство и вадење камен за 4,9 отсто.
Во овој месец намалување на нето платата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8,1 отсто, Трговија на
големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 7,3 отсто и Рударство и вадење на камен 5,4 отсто.
Просечната бруто плата по вработен во февруари изнесува 32.869 денари.
Во февруари 2017 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.