| четврток, 6 декември 2018 |

Ка­ко УЧК се бо­ри за ко­ман­да врз АРМ

koteski 1

Из­ме­не­ти­те за­ко­ни за­ра­ди ши­ро­ка­та ко­а­ли­ци­ја од 2001 го­ди­на и де­нес ја рас­трг­ну­ва­ат АРМ, а не­ко­гаш­ни­от не­при­ја­тел, се­га ми­ни­стер за од­бра­на, са­ка пре­ку за­кон­ски из­ме­ни да ко­ман­ду­ва ди­рект­но и со еди­ни­ци­те на АРМ.

Да­ли са­ка­те во АРМ или во МО? – пра­ша­ње на ге­не­ра­лот Ко­тев­ски до 147 офи­це­ри во Ми­ни­стерс­тво­то. Да­ли Џа­фе­ри ќе оста­не без вој­ска, ме­сто да ја ко­ман­ду­ва це­ла­та Ар­ми­ја?

Во то­гаш­на­та во­е­на пси­хо­за ни­кој не за­бе­ле­жи де­ка СДСМ ка­ко ус­лов да вле­зе во ши­ро­ка­та вла­ди­на ко­а­ли­ци­ја со за­кол­на­ти­от по­ли­тич­ки не­при­ја­тел ВМРО-ДПМНЕ, то­гаш пред­во­де­но од Љуп­чо Ге­ор­ги­ев­ски, ба­ра­ше за­кон­ски из­ме­ни. Оче­ку­ва­но, СДСМ не са­ка­ше да би­де са­мо фи­гу­ра во таа вла­ди­на гар­ни­ту­ра ту­ку да има и ре­ал­на власт. Ов­де ќе се за­др­жи­ме са­мо на За­ко­нот за служ­ба во АРМ. Во мај 2001 го­ди­на Со­бра­ни­е­то на­бр­зи­на го из­ме­ни овој за­кон, по­точ­но го сме­ни са­мо чле­нот 13. Во но­ви­от член се­га стои де­ка ми­ни­сте­рот за од­бра­на ди­рект­но ко­ман­ду­ва со си­те офи­це­ри вра­бо­те­ни во Ми­ни­стерс­тво­то за од­бра­на. Ова зна­чи де­ка иа­ко се вој­ни­ци, на­чал­ни­кот на ГШ не мо­же да им из­да­ва на­ред­би. Во 2001 го­ди­на, ова зна­че­ше де­ка то­гаш­ни­от ми­ни­стер Буч­ков­ски (од СДСМ) не мо­же­ше да би­де иг­но­ри­ран ко­га се до­не­су­ваа од­лу­ки за во­е­ни ак­ции.

talat i besimi01

Ток­му овој член го ко­ри­сте­ше прет­ход­ни­от на Џа­фе­ри, Фат­мир Бе­си­ми, ко­га ла­ни вој­ни­ци на АРМ са­лу­ти­раа на спо­ме­ни­кот на ОНА во Слуп­ча­не. Вој­ни­ци­те тоа го на­пра­ви­ја по на­ред­ба на ми­ни­сте­рот и ток­му по­ра­ди тоа не мо­же­ше дис­цип­лин­ски да се го­нат (иа­ко на­чал­ни­кот Ко­тев­ски поч­на ва­ква по­стап­ка, ко­ја стои во ме­сто, но не за­ста­ру­ва).

целиот текст за актуелниот судир меѓу генералот на АРМ и министерот за одбрана, за корените на тој судир од 2001 година, како и за последици од него, прочитајте го во најновиот број на неделникот Република, кој ќе биде во продажба од утре (петок 5 јули 2013)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top