Деновиве дел од потесното семејство на првата дама на САД го посети Скопје. Членовите на потесното семејство на Меланија Трамп, деновиве беа во приватна посета на македонската метропола, па беа гости и на семејството Кочан, пишува порталот Вистина.
Сопствениците на градежната фирма „Трансмет“, браќата Чедо, Дин и Сеад како добри домаќини ги пречекаа и угостија уважените, високи гости од потесното семејство на првата дама на Америка, која како што е познато влече семејни корени токму од овие некогашни ЈУ простори, поточно од Ново Место, Република Словенија.
Семејството на познатите македонски бизнисмени во знак на добро гостопримство како мало внимание на подарок доби шише високосортно вино, што всушност претставува специјална едиција со логото и името, односно титулата на „првата дама на САД“.
Специјалното вино во специјално пакување и назив „First Lady“ е вино кое всушност ќе се извезува во Америка, а е со географско потекло од Словенија, поточно токму од родното место на Меланија Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меланија флертувала со Путин: Трамп само ги гледал, а тогаш претседателот на Русија со една реченица ја купи првата дама!
-
Критики и неверување: Првата дама на САД потрошила 174 илјади долари за 12 часа
-
Ова е европската Меланија: Сопругата на чешкиот премиер во фокусот на медиумите (галерија)
-
Драма на небото: Се запали авионот на Меланија Трамп!