| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е Зорица: Ќерката на Ирена Спировска прослави матура (галерија)

Зорица, ќерката на водителката Ирена Спировска, е матурантка. Прославата се одржала во еден од скопските ресторани, а Ирена на својот фејсбук-профил сподели неколку фотографии од ќерка си во свечена тоалета во црна боја. За нејзиниот изглед се погрижиле креаторката Викторија Арсовска, која и изработи ултра модерна креација, а за шминката Викторија Велјановска.

Зорица за матурскат прослава избрала долг црн прозирен фустан, минималистички накит, има малку шминка, а косата и е пуштена За својот изглед доби многу комплименти.

„Ова е за во ‘Вог’, браво за креацијата и моделот Зорица“, „Како манекенка“,  се дел од коментарите под фотографиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top