Популарните американски телевизиски серии од 80-тите години на минатиот век, како „Пороците на Мајами“, „Панки Брустер“ или „Спасени од ѕвончето“, повторно ќе ѝ бидат достапни на публиката, но овој пат во форма на дигитални стрипови.
Компаниите „Лион Форџ Комикс“ и „Ен-би-си јуниверсал“ соопштија дека се здржиле со цел да „развијат, напишат, илустрираат и објават“ дигитални стрипови базирани на популaрните серии од пред 30-тина години.
Стриповите кон крајот на годината ќе бидат објавени преку Ајтјунс, Амазон-Киндл, Коб и Нук.
Досега во дигитални стрипови беа трансформирани сериите „Досиеја Икс“ и „Бафи – убиец на вампири“, кои постигнаа забележителен успех на американскиот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.