| четврток, 6 декември 2018 |

На 27 мај во Охрид студентски собир против промена на името

На 27 мај на 1000 годишнината од Охридската Архиепископија ќе се одржи студентски собир во Охрид во 19.30 часот поради најавите за промена на уставното име. „Ние имаме човеково право на име и идентитет и никој нема право насилно да не присили и принуди да го сменат нашето име и идентитет. Поради најавите за промена на нашето уставно име најавуваме и огромен сенароден и непартиски протест кој ќе се оддржи на 23 јуни во 19 часот во Скопје пред Собранието“, најавуваат организаторите на собирите на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Големиот сенароден протест на 23 јуни е поддржан од 47 здруженија, кои помагаат финансиски или на други начини. Од страна на Македонските здруженија во Австралија за протестот ќе бидат обезбедени и 200 автобуси за бесплатен транспорт од внатрешноста.

-Протестот е организиран од студентите и младите и нема да дозволиме некој насилно да го промени нашето име и да ја уништи нашата иднина. Никој нема право да не понижива и насилно да ја продава нашето достоинство и нашата душа. Ние сакаме да живееме во држава Македонија, а не во држава со сменето име. Ние сакаме подобра иднина во оваа држава, а не да не се иселиме и Македонија да стане држава со иселена младина од типот на Романија и Бугарија. Ние сакаме да останеме да живееме во оваа држава, а не насилна промена на нашето име и идентитет. Државата останува на младите и токму затоа младите се тие кои треба да одлучат за иднината на Македонија- се вели во повикот на протест.

Големиот сенароден протест е поддржан од следниве здруженија: Австралиско Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП), Македонската кординативна мрежа СУМ (Став, Нашите, Христијанско Братство, Тврдокорни, Македонски Манифест, Преродба, Код, “Ние“, МПО-“Васил Чакаларов“, Бригада, МОС-Македонски Обединети Сили, МПЗ- “Пере Тошев“, Граганска Иницијатива “Вевчани“, Граѓански иницијативи за одбрана на името и идентитетот : Охрид, Битола, Велес, Кочани, Штип, Кавадарци, Мислешево), Граѓанската иницијатива “Македонија пред се”, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (од Канада), Macedonian Community of Adelaide & South Australia MCASA, Macedonian Community of Western Australia MCWA; Macedonian Orthodox Church Sveta Petka Rockdale; Macedonian Orthodox Community of Australia MOCA; Macedonian Orthodox Community of Melbourne & Victoria MOCVM; Macedonian Orthodox Church Sveta Nedela Gold Coast; Macedonian Orthodox Church Uspenie Na Preseveta Bogorodica Sydenham; Macedonian Orthodox Community of Wollonong; Macedonian Orthodox Community of Newcastle; World Macedonian Congress Australia WMC; World Macedonian Congress Canada; MPZ Andon Lazov Janev – Kjoseto Canada; United Macedonians – Canada; Macedonian Orthodox Church Sveta Bogorodica Brisbane.; United Macedonian Organisations of Western Australia и Граѓанската иницијатива “Македонија пред се” од Охрид.

Студентите нагласуваат дека протестот е исклучиво непартиски и дека зад него не стои ниту една политичка партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top