| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени група прилепски хакери

skimer

Група прилепчани и еден бугарски државјанин, кои се занимавале со криминал со кредитни картички, се уапсени во вчерашната акција која ја спроведе Министерството за внатрешни работи.

Во акцијата спроведена во Прилеп се уапсени неколку лица. Во групата членувале четворица македонски и еден бугарски државјанин.

Полицијата во рамки на вчерашната акција извршила претреси на пет места. БИле пронајдени  два скимери, уреди за копирање картички, над 100 бели фалсификувани картички и делови за подготвување скимери.

Од Министерството за внатрешни работи детали за целата акција најавуваат во текот на денешниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top