Агенциите за разузнавање добиле предупредување дека врз турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, би можел да биде извршен атентат, пишува агенцијата „Анадолија“.
Според информациите, во соопштението се наведува дека атентатот би можел да биде извршен за време на посетата на Ердоган на балканските земји. Колку за потсетување, Ердоган утре ќе пристигне во работна посета на БиХ и ќе одржи предизборен собир на „Зетра“, на кој се очекува да присуствуваат од 10.000 до 15.000 Турци.
На турските разузнавачки агенции им било дојавено дека лица од турско потекло се подготвуваат за обид за атентат врз претседателот. Наводно, извештајот дошол од група турски граѓани кои живеат во Скопје.
Во моментов во тек е детална разузнавачка истрага, но за истата нема детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.