| четврток, 6 декември 2018 |

Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари. Тој беше единствен кандидат за оваа функција. Дел од делагатите замерија дека според Статутот на Федерацијата, Угриновски не може да биде избран по трет пат.

Љубомир Котевски, член на досегашното претседателство и претседател на планинарскиот клуб „Кораб“ тврди дека Статутот е изменет и со измените дозволен е и трет мандат.

– Угриновски е најсоодветен претседател на оваа Федерација. Имавме три предлога, но двајца се откажаа и не прифаќаат, за тоа тој е единствен кандидат. Согласно законот нема лимит и нема ограничување за негов реизбор за претседател на федерацијата – вели Котевски.

Претседателот Угриновски пред делегатите на Изборното собрание го претстави извештајот за работата на Федерацијата во изминатиот период. Во осум точки тој ги претсави успесите на федерацијата и идните планови. Како голем успех ги претстави средствата издвоени за обнова на руинираната кула „Титов врв“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top