Претседателот на планинарската федерација Јовица Угриновски на распит во Јавното обвинителство – објави „тв 24“.
Семејствата на загинатите планинари упатија писмо до медиумите реагирајќи дека и по два месеци од смртта на Калина и Александар институциите молчат. Обвинуваат дека планинарската федерација и понатаму издава лиценци за водичи, а Трансверзалец повторно си организира планинарски тури, без никој да утврди дали тоа им е дозволено.
Семејствата се разочарани од како што велат бавната правда и очекувале Трансверзалците, барем за Велигден, да се сетат да организираат меморијално искачување во спомен на загинатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.