| четврток, 6 декември 2018 |

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот со цел промена на уставното име

– ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот со цел промена на уставното име – изјави Александар Николовски, потпретседател на партијата. Тој гостуваше во емисијата „360 степени“ каде што говореше за прашањето за спорот со името.

Во емисијата тој изјави дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и сите ги знаат тие позиции кои се непроменети од 2005-та година. Решение секако е добредојдено според Николоски но тоа решение да е во рамки на позициите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ги знаете тие позиции не би дозволиле промена на уставот со цел промена на уставното име. Бараме гаранции за именувањето на македонскиот национален идентитет во смисла на именување на јазик, култура и националност. И било кое решение мора да иде на референдум за граѓаните да го кажат своето мислење. Ова се исти позиции кои што ВМРО-ДПМНЕ ги има 13 години од 2005-та година па навака – рече Николоски

Во врска со како ги водат преговорите Николоски вели дека тоа е процес кој премиерот и министерот за надворешни работи решиле овој спор да го водат соло и тоа е комплетно нивни избор.Единствени релевантни информации според него што ги има добиено ВМРО-ДПМНЕ се во Јануари месец кога медијаторот Нимиц преставил сет на идеи. Тој на крај се потенцираше дека не му е јасно од каде таа недоверба на владата на СДСМ во однос на ова чуствително прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top