| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту смртта не можеше да ги раздели: Пред 25 години беа убиени сараевските Ромео и Јулија

Пред 25 години заврши една од најубавите љубовни приказни во Сараево, а сигурно и многу пошироко. Млади и заљубени Бошко и Адмира лежеа мртви седум мостот Врбањ. Фотографијата од нивните гушнати тела  ја виде целиот свет.

Заљубениот пар Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ имаа само 25 години кога беа убиени од куршумите од снајпер, на денешен ден во 1993 година на мостот Врбањ во Сараево. Бошко беше Србин, Адмира муслиманка. Тие двајца станаа симбол на Сараево…

Младите и заљубени сарајлии, Бошко и Адмира лежеа мртви седум дена на мостот. Фотографијата од нивните неподвижни тела во прегратка ја виде целиот свет благодарејќи на американскиот репортер Курт Шорк, кој ја пренесе приказната за нивната трагична љубов. Од тогаш тие се наречени сараевските Ромео и Јулија.

Никој не се осуди мртвиот љубовен пар да го тргне од мостот, а тек осмиот ден српската војска ги однесе нивните тела и погреба во Лукавица на српските воени гробишта. Силите на ОН одбиле тогаш да помогнат во вадење на телата додека двете страни меѓу себе се обвинуваа за смртта на младиот пар.

Посмртните остатоци во 1996 година по желба на родителите на Адмира и со согласност на мајката на Бошко беа пренесени на гробиштата Лав во Сараево. Бошко и Адмира почиваат заедно…

Бошко и Адмира заедно беа осум години, планирале заеднички живот, венчавка, а потоа дојде војната…

-Нас само куршум може да не раздели, говореше Адмира, а нејзиниот Бошко не сакаше да го напушти Сараево без својата сакана, иако мајката Радмила го молела да замине со неа и со братот. Таткото на Бошко починал уште пред војната и ништо веќе не го врзувало да остане во Сараево, освен она што е најважно, љубовта, љубовта кон својата сакана девојка. Не му паѓало на памет да замине без Адмира од опколениот град.

Нивната љубов била искрена и чиста. Родителите биле среќни гледајќи ги како на млади години убаво се слагаат и неизмерно се сакаат. На никој не му сметало што биле различна вера.

Мајката на Бошко, Рада, во документарецот за младиот пар снимен во канадска продукција се присети:

-Ги одгледав синовите без размислување за религијата и нацијата. Никогаш не сум и говорела дека тие се Срби, а дека овие другите се Хрвати и Муслимани. Не ја гледав Адмира како муслиманка, како различна. Ја гледав како девојка на мојот син, кој тој ја сака и која ја јас ја сакав, изјави несреќната мајка. Пред точно 25 години во 17 часот заврши една голема љубов.

После една година пекол кој секојдневно го доживувале во Сараево, тие одлучиле да избегаат. Да отидат да живеат нормален живот.

Родителите на Адмира не сакале да одат, но парот одлучил. Во мај 1993 година сите страни дозволиле да ја поминат линијата на разграничување. И денес е нејасно зошто пукале во нив.

Бошко и Адмира оделе најмалку 500 метри по десниот брег на Миљацка, потполно изложени на погледите на војниците од двете страни. Откако ја поминале линијата под контрола на босанската страна и тргнале кон населбата Грбавица под контрола на Србите, некој ги погоди, напиша репортерот Курт Шрок.

Околу 17 часот дошле до мостот Врбањ. Се затрчаа, држејќи се цврсто за рацете… Снајперскиот куршум го погоди Бошко и тој падна. Почина на лице место, а Адмира беше ранета. Плачеше и ползеше кон него. Го гушна, а потоа и таа почина…

Никогаш не се дозна од која страна е пукано на младиот пар, затоа што никогаш не е покрената истрагата. Никој никогаш нема да биде обвинет за ова убиство.

Освен документарецот „Ромео и Јулија во Сараево“ кој го режираше Џон Заритски, рок групата „Забрането пушење“ во 2013 година ја опеа трагичната приказна за младиот пар во песната „Бошко и Адмира“. За каква љубов станувало збор кажува и стихот од песната „Ма каква Јулија, ма каков Ромео, никој така не се сакаше и никој никогаш нема…“

За жал, на местото каде тие беа убиени нема никакво обележје или спомен на двајцата млади кои станаа симбол на Сараево, на соживотот и искрената љубов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top