| четврток, 6 декември 2018 |

„Минута до дванаесет“ за нова алтернатива на СДСМ

Дојдено е „Минута до дванаесет“ за ова алтернатива на СДСМ, порачаа младите социјалдемократи

plostad3500 MihaelМладите социјадемократи предводени од Миахел Младеновски на симболичен начин со транспарент „Минута до дванаесет“ покажаа дека треба да се случи нова алтернатива на СДСМ со социјалдемократска идеологија која ќе понуди визија и програма. Алтернативната опција ќе биде коректор и конкуренција на власта.

– Ги повикуваме сите интелекуалци, професори и експерти да се приклучат кон една заедничка опција. Во СДСМ тешко дека ќе се случат промени. Во таа партија нема демократија, угушен е просторот, нема дебати и тоа треба да се измени, а ќе може со нова алтернатива- вели Младеновски, кој на локалните избори во март, заедно со неговите поддржувачи, ќе настапи со независна советничка листа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top