Џејмс Гандолфини, ѕвездата од „Сопранови“, најголемиот дел од својот имот и пари ѝ ги остави на својата сопруга и на нивните две деца. Актерот, познат како Тони Сопрано, почина од срцев удар на 16 јуни. Зад себе остави имот вреден 70 милиони долари кои се предмет на неговиот тестамент.
Кога ќе наполни 21 година, неговиот син Мајкл ќе ги добие парите кои му следуваат, стан на Менхетен, како и облеката и накитот на својот татко. Неговата полусестра ќе го добие имотот во Италија, но дури кога ќе наполни 25 години.
– Се надевам и посакувам тие да продолжат да го посетуваат имотот и истиот да го задржат во семејството што подолго – напишал актерот во својот тестамент.
На својата сопруга, сестра му, внуците, пријателите и асистентот им поделил 200.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.