| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарскиот амбасадор во земјава шеф на тимот за преговори со Македонија

poposki_1704_gИван Петков, амбасадорот на Бугарија во Скопје, е новиот шеф на тимот за преговори со Македонија. Министерот за надворешни работи во соседна Бугарија, Кристиан Вигенин, кој попладнево го објави името на новиот шеф, вели дека  позицијата на Бугарија кон Македонија не е променета. Тој нагласува дека консултациите за ова прашање се спроведуваат од сите институции кои се вклучени во ова прашање и дека нема разидувања по тоа прашање меѓу него и претседателот Росен Плевнелиев.

-Потпишувањето на договор за добрососедство и соработка е и понатаму приоритет на Бугарија. Договорот е предуслов за отпочнување на идните чекори во процесот на европска интеграција на Македонија. Заедно со тоа би сакал да потенцирам дека ќе работам и работам на создавање една попозитивна клима во односите на двете земји, кои ќе ги олеснат преговорите за овој договор – рече Вигенин порачувајќи дека е е дојден редот на Македонија да го повика бугарскиот преговарачки тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top