Денеска во 18 часот ќе започне финалниот натпревар од ракометната Лига на шампиони за жени во кој нашиот Вардар ќе се обиде да дојде до првата голема евопската титула во неговавата историја. За противник во има унгарскиот шампион Ѓер кој до финалето дојде со победата над ЦСМ Букурешт.
Македонскиот и унгарскиот шампион досега се сретнале пет пати во најквалитетното натпреварување. Вардар има една победа, еден дуел заврши нерешено, а три победи оствари Ѓер.
Првата и единствена победа за вардарки датира од 4 април 2015 година. Тогаш во Скопје во првиот четвртфинален меч, победи „црвено-црниот“ тим со убедливи 24-18. Најдобри тогаш во победничкиот тим беа Радичевиќ со седум голови и Лекиќ со пет, додека кај Ѓер се истакнаа Сен со пет и Агилар со четири. Овие двете ракометарки одамна не се дел од Ѓер.
Последната меѓусебна средба меѓу двата тима е од минатогодишниот завршен турнир на 7 мај. Во еден контроверзен натпревар Ѓер славеше со 31-30 по продолженија и ја освои титулата, но денес посакуваме да биде спротивно и Вардар да биде тимот што ќе се радува на крајот.
Радичевиќ: Добро е што играме со Ѓер, имаме шанса да им вратиме
Десното крило на вардарски, црногорката Јованка Радичевиќ по вчерашната победа во полуфиналето над Ростов – дон изјави дека добро е што ќе имаат шанса да му вратат на минатогодишниот пораз на Ѓер.
– Имаме мотиви да покажеме дека заслужуваме титула. Лани бевме „ограбени“, но забораваме на тоа. Баш добро е што утре ќе играме со Ѓер и ќе имаме шанса да им вратиме, изјави Радичевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.