| четврток, 6 декември 2018 |

Киното „Милениум“ повторно отворено

По еднонеделна пауза и отстранување на техничкиот проблем, киното „Милениум“ во скопскиот Градски трговски центар, повторно ги отвора портите за љубителите на филмската уметност.

Секако, покрај обновениот кинопроктор, обновен е и репертоарот на киното, па оваа недела ќе може да се види новото остварување на докажаниот тандем Гор Вербински – Џони Деп, филмот „Осамениот ренџер“, и тоа на денот на светската премиера, премиерно и во кино „Милениум“.

– Нормално, нема да ѝ останеме должни на публиката која имаше желба да го погледне „Светска војна З“, па и овој светски мегахит, како и „Човекот од челик“, „Чудовиштата од Универзитетот“, „Мамурлак 3“ ќе бидат на репертоарот во текот на следната недела – велат од „Милениум“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top