| четврток, 6 декември 2018 |

Владината коалција СДСМ – ДУИ во криза поради илјада албански административци

Телевизијата на албански јазик од Тетово „ТВ Коха“ објавува дека постои криза во владината коалција меѓу СДСМ и ДУИ поради илјада албански административци. Како што објавува „ТВ Коха“, висок функционер на ДУИ изјавил дека коалицијата помеѓу неговата партија и СДСМ е во критична состојба, особено поради обидот да се спречи поставувањето на околу 1.000 административци од ДУИ кои досега седеле дома

– Во полицијата, царината, УЈП, обвинителството, судовите и други институции каде што административци од албанска националност биле вработени, досега никој не е контактиран и за никого не е најдено соодветно место за да почнат да одат на работа. Накратко, институциите контролирани од СДСМ го блокираат прифаќањето на Албанските административци. Едноставно, не ги прифаќаат. За работни места биле контактирани само вработени во локалните самоуправи и институции лоцирани во Тетово. Ако продолжи вака, ДУИ ќе мора да свика итен состанок за да ја испита насоката во коалицијата со Заев – изјавил функционер на ДУИ, а пренесува „ТВ Коха“.

Освен ова, албанските медиуми објавуваат дека Зоран Заев имал таен состанок со блиски соработници на Албанскиот премиер Еди Рама во текот на вчерашниот ден, а денеска наводно се сретнал и со неговиот Косовски колега Рамуш Харадинај, за како што наведуваат да разговараат за наводната криза во коалицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top