| четврток, 6 декември 2018 |

Паника на железничка станица во центарот на Брисел

Помала експлозија предизвика паника на железничката станица во Брисел. Железничаката станица Миди е евакуирана, а два перона се затворени во 17,15 часот. Полицијата се уште утврдува што се случило. Очевидците велат дека се слушнала силна експлозија, но нема оштетувања во станицата од експлозивна направа.

Луѓето почнале да бегаат во паника мислејќи дека се случува нов напад. Еден маж е приведен. Никој не е повреден во инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top