Режисерот Роман Полански изјави дека движењето „И јас“ (Me too), кое започна со расветлување и борба против сексуалното злоставување од страна на моќните мажи во Холивуд е „колективна хистерија“ и „целосно лицемерие“.
Полански ова го изјави за полското издание на „Њузвик“, во интервју кое го даде само неколку дена откако беше исфрлен од американската Филмска академија по 50-годишно членство, и тоа за случај од 1977 година во кој се изјасни виновен за сексуален однос со малолетничка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.