| четврток, 6 декември 2018 |

Голи феминистки ја прекинаа ретроспекцијата на филмови на Роман Полански

Француски феминистки во топлес во Париз ја прекинаа ретроспекцијата на филмовите на Роман Полански, обвинет за сексуално вознемирување.

Стотина жени излегоа минатиот викенд на улиците во Париз и во други 10 градови во Франција за да протестираат против сексуалното вознемирување, откако се дозна за скандалот со Харви Вајнстин.

Во Париз жените се собрале на Плоштадот на Републиката носејќи транспаренти на кои пишувало „MeToo” односно (И јас), што е хаштаг на социјалните мрежи кои го користат десетина илјади жени за размена на лични приказни за сексуално вознемирување и напад.

Француско-полскиот режисер Роман Полански кој во САД е осуден за силување на 13-годишно девојче во 70-те години, со соочува и со нови обвиненија за сексуално вознемирување. Слични собри биле организирани во Марсеј, Бордо и Лил.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top