Аделина Паљоља и Зана Абази-Рамадани, два сопрана од Косово, како и Eлена Атанасовска-Ивановска на пијано ќе настапат вечерва во рамките на „Скопско лето“ во Националната галерија на Македонија Даут-пашин амам.
На настанот ќе бидат изведени аријата на Annchen oд операта Der Freischutz, Kommt ein schlanker Bursch gegangen, арија на Juliette од операта Romeo et Juliette, арија на Lauretta од операта Gianni Schicchi, O mio babbino caro, арија на Lucia од операта Lucia di Lammermoor, како и рецитатив и арија на Guilete од операта Romeo et Juliette, рецитатив и арија на Fiordiligi од операта Cosi fan tutte, рецитатив и арија на Lucrezia од операта Lucrezia Borgia, но и арија на Vali од операта La Wally -Ebben,n’andro lontana .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


