| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една песна на Цеца се најде во учебник, а еве каква ќе биде нејзината судбина!

Само што се слегна прашината околу тоа зошто во граматичка работна тетратка за петто оделение се најде дел од песната на Цеца, „Убав грому мој“, се дозна дека уште една нејзина песна, овојпат „Кукавица„“, е дел од четивата на учениците во Србија.

Имено овој хит на Цеца во целост се најде во Збирката од книжевност за прва година гимназија, од издавачката  куќа Клет, а според тврдењата на Министерството за образование и оваа, како и претходната ќе биде исфрлена од учебниците.

За разлика од песната „Убав грому мој“, каде требало да се одреди вокатив во стихот, „Кукавица“ е пример за нешто друго.

Од учениците барале да препознаат пораки, идеи и општочовечки вредности и универзално значење на текстот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top