| четврток, 6 декември 2018 |

Спотот „Скопје 2014“ на фестивал во Загреб (видео)

Рекламниот видеоспот „Скопје 2014“ ќе учествува на меѓународниот туристички филмски фестивал „Загреб туризам фестивал“, кој од денеска до 5 јули се одржува во Загреб, јавува „МКД“.

Филмот ќе се натпреварува во категоријата до две минути, во конкуренција од повеќе од 300 филма. Претседателка на жирито е Лела Крстевска, претседател на Стопанската комора за туризам на Македонија и генерален директор на туристичкиот комплекс „Радика резорт“ во село Леуново, Маврово, а членови на жирито се и режисерот Лордан Зафрановиќ, Ева Котус, директорка на туристичкиот фестивал во Варшава и уредник на списанието „Филм, уметност и туризам”,  Горанка Грајф-Соро, режисерка и Бернардин Модриќ, коосновач и директор на „Истра филм“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top