Делови од Скопје денеска ќе останат без струја и вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Според соопштението, од 9 до 15:30 часот без напојување со електрична енергија се улиците „Леринска“ и „Шуто Оризари“, од 9 до 14 часот ќе бидат улиците „Арсениј Јовков“ и „Ѓурчин Кокале“, а од 8:30 до 12:30 часот дел од улица „Радишанска“.
Поради дефект на водоводна цевка под надвозникот во населбата Ченто во близина на Агросевис во период од 9 до 15 часот ќе има прекин на водоснабдувањето за корисниците од населбите Маџари, Хиподром и Трубарево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.